По зголемениот број на новоинфицирани граѓани од коронавирус во Република Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека нужно е потребно консолидирање на системот и професионален наместо политички пристап на комисијата за заразни болести.

- Неопходно е итно консолидирање на системот. Бројката од 62 новозаразени од Ковид-19 предупредува дека имаме работа со втор бран и Комисија за заразни болести која делува под политички диктaт.

Не е време за партиски конфликти, туку робустна акција за заштита на здравјето на граѓаните. Одговорноста подразбира и лидерство. Здравјето мора да биде заштитено, смета Мицкоски.