Власта бара да се почитуваат мерките а тие кои што ги предлагаат и ги носат не го прават тоа, вели Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување на емисијата 360 на Алсат Телевизија.

Граѓаните гледаат дека тие (функционерите) кои ги предлагаат и на Влада ги носат мерките истите во практика не ги почитуваат. Ако гледаат дека Претседателот на Владата оди на терен во Куманово, Крива Паланка и така натака, ако го гледаат Никола Димитров како носител во прва изборна единица во градски парк во Скопје како се шета или Зоран Заев како оддржува средби во Струмица, тогаш веројатно си велат кога може тие да не ги почитуваат мерките кои ги носат зошто тоа да не го правиме и ние, истакна Николоски.

Николоски додаде и дека нормално е граѓаните да веруваат кога министерот за здравство ќе каже дека коронавирусот е победен и врз основа на тоа да се однесуваат како вирусот да исчезнува.

- Кога слушаат од министерот за здравство Филипче, на втори мај, кој што доби шанса од сите дека коронавирусот е победен, веројатно луѓето веруваат во тоа и се однесуваат со помалку страв кон коронавирусот. Најлесно е да се обвини народот а тоа гледаме дека неколку дена по ред власта го прави, додаде Николоски.