Директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски денеска ќе направи увид во градежните работи на реконструкцијата на спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен.

-Со реконструкцијата на оваа спортска сала, општина Ресен ќе добива еден сосема поинаков модерен лик. Реконструкцијата изнесува 7.759.682 милиони денари и е во завршна фаза, соопшти Агенцијата за млади и спорт.