Гостиварското обвинителство денеска до Основниот суд Гостивар поднесе обвинителен акт против 53-годишен жител на село Добри Дол, гостиварско, во чиј дом при извршен претрес на 12.11.2018 година било пронајдено огнено оружје марка ZORAKI-M 906-B калибар 7,65 и 9 куршуми за кои не поседувал одобрение од надлежен орган, информираат од ОЈО Гостивар.

Со тоа, обвинетиот го сторил кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.


Администратор
28/05/2020 16:06