Неспособноста на оваа влада излезе на виделина со справување со пандемијата на корона вирусот за последниве седум дена во Република Македонија каде што билансот на заразени е најголем, а најмалку направени тестови и за жал најмногу починати во регионот.

Процент на новозаболени во однос на тестирани случаи во последните 7 дена:

Македонија – 4,73% Бугарија – 2,52% Србија – 1,62% Хрватска – 0,21% Грција – 0,14% Црна Гора – 0%

Најголем процент на заразени. Повеќе од Србија, Бугарија, Грција и Хрватска вкупно.

Според извештаите на заразени на 1 милион жители во регионот за последните 7 дена:

Македонија – 91 Бугарија – 31 Србија -85 Хрватска – 4 Грција- 4 Црна Гора – 0 Албанија – 33

Македонија има и најмногу заболени лица од корона вирус во регионот. Повеќе заболени на 1 милион жители од Грција, Бугарија, Албанија и Хрватска заедно.

Во Македонија има најмногу починати лица на 1 милион жители во последните 7 дена споредбено со земјите на Балканот:

Македонија – 8 Бугарија – 2 Србија – 2 Хрватска – 1 Грција – 1 Црна Гора – 0 Албанија – 1

Најмногу починати лица. Повеќе починати на 1 милион жители од Србија, Бугарија, Грција и Албанија заедно.

Катастрофалната состојба со справување на корона вирусот во Македонија продолжува.

Сето ова оди на нечистата совест на Зоран Заев.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ