Владата не ги почитуваше препораките на Светската здравствена организација. Првата основна препорака на СЗО беше направете повеќе тестови. Логиката ми вели дека повеќе тестови не се прават за да се скрие реалноста и да се калкулира со бројките, вели Генералниот сектретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во „Заспиј ако можеш“ на Алфа.
-Слушавме изјави и од луѓе кои што директно беа вклучени и во комисијата и останатите медицински лица дека имаме капацитет само во јавното здравство да вршиме некаде околу 700 теста на ден, доколку се вклучат и приватните клиники тој капацитет неколкукратно ќе се зголеми, за да можеме да овозможиме тестирање од 2,3 можеби 4 илјади тестирања дневно. Логиката говори дека ќе имавме подобра ситуација од оваа денес, истакна Јанушев.
Тој посочи сите пареметри покажуваат дека Македонија многу лошо се справи со здравствената но и со економскта криза која ја предизвика корона вирусот.
За жал, по број на спроведени избори по број на жители сме предпоследни. Позади нас во целиот ово регион се само Албанија и Бугарија, сите останати држави се пред нас. По број на заразени сме втори, повеќе од нас заразени има само Србија. Сите останати држави се многу подобри од нас. По број на смртни случаи сме втори во регионот. Сите параметри кои треба да покажат дека лошо сме се справиле со кризата, вели Јанушев.
Тој додаде дека Филипче со владата на СДСМ, на Заев и на Спасовски не убедуваа дека се превземаат се превземаа, но ние бевме сведоци како медицинските лица а и граѓаните сами се снаоѓаа со заштитни средства.
Ова е убедливо најнеспособната влада со нај неспособните луѓе во историјата на Република Македонија, јас, ваква неспособност, вакво незнаење немам видено нигогаш и никаде, констатираше Јанушев.
А во целава оваа ситуација, додаде Јанушев, заборавивме и на распираторите кои требаше да се набават, па се поништуваше набавката. Целава ова криза, условно кажано ќе заври, а респиратори не видовме.