Во Холандија е откриен уште еден случај на пренесување на коронавирус од куна на човек, соопшти Министерството за земјоделство на таа земја.
Во писмото до парламентот, министерката Карола Шутен повтори дека Националниот институт за здравство смета дека ризикот од пренесување на болеста од животни на луѓе надвор од фармите каде што се чуваат е „занемарлив“.
На 20 мај, таа го извести парламентот дека работник на фарма во Холандија каде се одгледуваат куни за извоз на крзно се заразил со коронавирусот преку животните за кои се грижи.