Повеќе од јасно е дека владата на СДСМ не знае и не умее да се справи со корона вирусот. За тоа покажуваат и самите податоци.
„Мерките“ со кои се фали владата на СДСМ не придонесуват за доброрто на економијата. Единствено нешто што прави СДСМ во моментот е што ги троши државните пари за избори и наместо да му помогнат на стопанството, тие гледаат да си ја спасат фотелјата.
Поради тоа што СДСМ не нуди ништо за стопанството голем број на фирми се оставаат на цедило и можно е да дојде до нивно затварање.
Над половина од 33 000 работници во угостителството се времено без работа, голем број на фирми работат со намален обем, а илјадници граѓани се со намалени приходи.
Потребна е итна стратегија за излез од кризата. Но, со СДСМ тоа не е можно.
ВМРО-ДПМНЕ има стратегија за обнова на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ