Претседателот на СДСМ Зоран Заев упати честитка до сите верници од Исламска вероисповед, по повод верскиот празник Фитер Бајрам.
– Празникот на Фитер Бајрам како еден од најзначајните датуми во Исламскиот календар, го означува крајот на светиот месец Рамазан. Духот и патот на верникот е тесно поврзан со прочистување на душата и мислата преку молитви, храброста да му се спротивставува на злото, насилството, злоупотребата, нарушувањето и уништувањето на чистите вредности, се вели во честитката од Заев.
Во текот на овој месец, порачува, поминавте низ големи искушенија и предизвици оставајќи ги на страна сите лични потребни и суети, со цел приближување и восвишување кон семоќниот Господ. Иако годинава месецот Рамазан беше проследен преку бројни мерки и рестрикции како резултат на глобалната пандемија на Коронавирусот, вие пак достоиствено издрживте и ја исполнивте оваа годишна обврска која што во Исламот е една од главните столбови на верата.
– Како значајни политички чинители во општеството, водиме грижа и преземаме максимална одговорност кон зачувување на здравјето, достоинството и благосостојбата на сите наши граѓани. Преку воспоставување на професионалност, независност и демократизација на државните институции, нашата земја заедно со вас со сиурни чекори ги реализира своите аспирации и определби кон европското семејство, каде што припаѓаме, стои во честитката од Заев.
Почитувани сограѓани, верници од Исламската вероисповед, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како и во мое лично име Ви го честитам големиот празник Фитер Бајрам.
– Ви посакувам овие празнични денови да ги поминете со вашите најблиски и најсакани, во мир, лубов, спокојство и меѓусебно разбирање!, вели во честитката претседателот на СДСМ Зоран Заев