Помина цела недела откако директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски изјави дека се исплатени средствата за месец април кои се дел од државната помош за спортистите и спортските работници во време на епидемијата и тотална блокада на македонскиот спорт. Согласно уредбата сумата од 14.500 денари требаше да се исплати најдоцна до 15-ти мај, но трансфер на средствата нема, односно не е целосен.

На 10-ти април, водени од критериумите за распределба на скандалозниот ваучер предложивме мерки кои опфаќаа 4.200 луѓе во висина од 2.000.000 евра, како и извор на средства од каде овие пари би биле исплатени. Но, Владата и АМС донесоа катастрофална уредба, која на крај резултираше со опфат на само 855 спортисти, спортски работници и спортска администрација кои наместо 14.500 денари ќе добијат 13.050 денари во вкупна вредност од околу 400.000 евра. Или 5 пати помалку од тоа што го понудивме како мерка. Наместо пари за 4.200, тие опфатија 855 спортисти, па и за нив нема пари на време.

Поразителен е фактот за структурата на добитниците на државната помош, Имено од 855 корисници 767 се од колективните и само 88 се од индивидуалните спортови.

И внимавајте, само седуммина од 88 корисници од индивидуалните спортови се спортисти. Останатите 81 се административци и помал број на тренери.

Да потсетиме дека во февруари АМС предизборно подели ваучери на 300 индивидуални спортисти со цел силен развој на индивидуалниот спорт. Јасна е сликата колку од овие спортисти го реализирале ваучерот и колку од нив земале плата во минатата година откако тој функционира.

Катастрофална е состојбата и во колективните спортови. Одбојката на пример има вкупно 42 корисници на помош од кои 37 одбојкари и одбојкарки и 5 тренери. При доделени 500.000 евра во ваучери за 18 клубови имаме само во просек по двајца одбојкари од секој клуб кои ги исполнуваат условите од катастрофалната уредба.

Би можел вака до идниот петок да ги набројувам и податоците за кошарката, ракометот и фудбалот но нема да го направам, тоа и нема да им дотурам сол на раната, на сите оние кои се најдоа на тапет на јавноста преку сајтот на АМС како добитници на државната помош која се уште не ја добија. Овие луѓе и не само овие, туку 5 пати повеќе заслужуваат помош во ова тешко време за спортот. Помош која оваа влада, не сака и не знае да ја обезбеди.

Ако за два ипол месеци не можат во целост да исплатат 855 спортисти, Што да очекуваат другите граѓани опфатени со предизборните лаги на СДСМ за помош во тешката економска криза?

ВМРО-ДПМНЕ се различни од СДСМ! Дадовме конструктивни предлози, а наидовме на ѕид! Со нив имаме хибриден режим, криминал и сиромаштија.

Но обновата доаѓа!

Доаѓа спортскиот денар за силен македонски спорт.


Администратор
22/05/2020 17:17