Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во своето гостување на телевизија „Стар“ потенцираше дека Зоран Заев и СДСМ зад завесата играат на ниски стеасти и немаат искрени намери. Во однос на притисоците од страна на СДСМ за брзи таканаречени корона избори на 21 јуни тој посочи дека сите лидери на политичките партии имале унисон став по завршувањето на лидерската средба, а тоа е дека здравјето на граѓаните е на прво место, само за Заев поважни биле изборите, нешто кое го увиде и целата македонска јавност.
„Taму се дефакто присутни 6/7 политички лидери, политички партии, најрелевантните да кажам политички чинители во Република Македонија и преку дел од нив се претставени и останатите партии, бидејќи нели знаеме дека имаме и коалиции. Но она што веќе имаше можност да го види целокупната јавност во државата сите со исклучок на еден човек, сите останати се всушност повеќе или помалце на едно стојалиште. Впрочем не бараме да се верува на само она што ние го кажуваме и да се земе како апсолутна вистина дека е така. Впрочем треба само да се погледнат изјавите на лидерите на политичките партии после двете лидерски средби кои што се одржаа. И после првата средба и после втората средба, сите останати освен Заев имаа еден настап со она што е договорено. Само изјавите на Заев одвојуваат од сите останати. И мислам дека тоа за граѓаните на Република Македонија е доволен показател кој ја говори вистината и кој има искрени намери, а кој се обидува позади завесата да игра на ниски страсти“, истакна Јанушев.
„Јас сум носител на изборна единица 3, каде што живеете и вие во Штип. Како јас ќе се обидам да дојдам до вас, да се претставам кој сум и што сум, да ви претставам која е мојата изборна програма, за што се залагам јас, ако не можам да остварам средба со вас“, истакна Јанушев.
Јанушев запраша врз основа на што граѓаните ќе се решат за кого ќе гласаат. Како граѓаните ќе се решат воопшто да излезат на избори ако се уште има карантин, полициски часови слично. „Да не заборавиме и дека пред неполни 2-3 недели излезе една анкета каде што над 50% од граѓаните во Република Македонија не се избори за сега, туку се за избори некаде при крај на летото. Само 20% наспроти тоа значи повеќе од дупло помалку поддржуваат избори сега. И сега ние треба да одиме спротивно на она што го гледаме во однос на бројот на заразени и починати, спротивно на волјата на граѓаните на Република Македонија, спротивно на она што цел свет експертите го кажуваат. Зошто? За да ја исполниме желбата на Заев и СДСМ за да загуби со помала разлика, и да се надева на некое ново чудо“, нагласи Јанушев.