Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во вестите на телевизија Сител каде истакна дека е време политичарите да престанат со лицитацијата за датум за избори, здрајвето на граѓаните и заштита на истото мора да биде највисокиот приоритет.
„Затоа јас апелирам до сите политичари во државата, достате со датите, достате, престанете да лиферувате дати. Ајде да седнеме сериозно да ги антиципираме сите можни рицизи кои што може да се појават на овој пат па дури тогаш можеме да зборуваме за дати“, истакна Мицкоски. Мицкоски истакна дека само денес во Македонија имаме 22 нови случаи на коронавирусот 2-ца починати од истиот.
„Додека го давам интервјуто и додека зборувам за дати се чувствувам непријатно бидејќи денеска имаме нови 22 кои што се инфицирани и нови двајца кои што го загубија животот“, појасни Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека ваквите брзи избори нема да бидат ниту фер, ниту демократски бидејќи СДСМ сака избори каде нема да се збори за понуда и програма.
„Замислете вие политичка кампања во која кандидатите за пратеници ќе не можат да се претстават пред бирачите и ќе не можат да ја претстават програмата пред бирачите. За каква фер и демократска процедура зборуваме ако еве ние сите имаме одбивност да пречекаме пред нашиот дом лице кое што се натпреварува за да биде пратеник и кое што сака да ја претстави пред вас програмата за која што вие треба да го гласате“, рече Мицкоски.