Еднаш се сликавте во авион дека добивте датум, втор пат Зоран Заев дека Македонија треба да се радува зошто добила датум, па еве да ве прашам кој е датумот, односно на кој датум ќе почнат преговорите, запраша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во тв дуелот на телевизија 24 во кој дебатираше со потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

На ова следеше збунувачки одговор од страна на вицепремиерката која истакна дека преговорите ќе почнат кога ќе биде првата меѓувладина конференција

Ќе почнат преговорите на првата меѓувладина конференција. Чекајте, чекајте. Вие сакате во име на земјите членки вие и јас да донесеме одговор? - одговори Шекеринска.

Николоски пак додаде дека поставува конкретни прашања а Шекеринска манипулира истакнувајќи ги примерите со Србија и Црна Гора.

- Европскиот совет во јуни месец донел одлука дека ќе почне преговори со Србија и кажал преговорите почнуваат во јануари. За Црна Гора исто така Европскиот совет донел во јуни одлука за датум за преговори и истакнале дека истите започнуваат во декември. За Македонија таква одлука нема. Тука е вашата манипулација, истакна Николоски.