Пет дена Заеви молчат за скандалозното доделување на лиценци за одгледување марихуана при прогласена вонредна состојба во Република Македонија. Ова е најголемата канабис мафија која што може да ја има и да ја поседува една држава.

Филипче под палката на Заеви додели 2 лиценци на фирми во кои менаџмент и сопственици се синот на осуденикот за шверц и другар на Заеви - Боро Стојчев односно Боро Малборо, името на синот на Боро Стојчев е Перо Стојчев, како и останатиот дел на менаџментот односно сопствеништвото синот на Претседателот на Ново Село СДСМ, Христијан Котев и неговата тетка Славица Котева.

Пет дена молчење впрочем ги објаснува постапките на СДСМ и на Заеви. Тоа значи дека се фатени живи во скандалозна одлука која се однесува на сериозна корумпираност на оваа Влада предводена од СДСМ во време на вонредна состојба при пандемија на корона зараза.

Во време на вонредна состојба кога граѓаните се исплашени за своето здравје и економската криза и мака мачат со целата криза, Заеви и Филипче си делат лиценци за марихуана на свои блиски луѓе и мислат единствено на бизнис и заработка.

Ова е веќе втора фирма и лиценца за марихуана во семејството Стојчеви, кај Боро Стојчев претходниот градоначалник на Ново Село, покрај фирмата ЦМД Медплант за која што обзнанивме претходно дека доби лиценца.

Очигледно или Боро Стојчев многу ги има задолжени семејството Заеви за да го прават ова во вонредна состојба или пак и Заеви имаат некоја поврзаност со овие фирми. За ова сепак треба да одговорат од СДСМ, наместо да молчат 5 дена за овој скандал.

Канабис мафијата е приоритет на оваа Влада предводена од СДСМ во време на вонредна состојба. Секоја една Влада во светов во моментов мисли единствено на здравјето на своите граѓани, само Владата на СДСМ, Филипче и Заеви приоритет и е доделување лиценци за одгледување марихуана на блиски луѓе до семејството Заеви.

Уште еднаш ги повикуваме институциите, ДКСК, Уставен Суд, ЈО, да ја преиспитаат оваа одлука донесе на Владата за доделување на лиценци за одгледување на марихуана во период кога е прогласена вонредна состојба.

Почитувани,

Како што рековме во СДСМ воопшто не е приоритет здравјето на граѓаните, туку приоритет е да цвета бизнисот на канабис мафијата.

За сите криминални и коруптивни одлуки на Владата на СДСМ, Филипче и Заеви мора да има одговорност. Одговорност ќе следи веднаш штом дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт.

Прашање: Која е вашата реакција на прес конференцијата на Зоран Заев?

Одговор: Би сакал да одговорам на поставено прашање во врска со реакција на прес конференцијата на Зоран Заев од економскиот дел. Како што знаете, почитувани граѓани и почитувани медиуми, СДСМ не донесе сеопфатни и навремени мерки за македонската економија. Токму поради тоа стопанството е пред тотален крах, економијата крахира, додека пак граѓаните и стопанствениците односно компаниите и фирмите едвај преживуваат. Мерките на Владата на СДСМ немаат реална основа за долгорочна стабилизација на економијата, туку се она кое што во моментов се слуша од страна на СДСМ и се прави на економски план е само бледо замачкување на очите на јавноста и стопанствениците. И се предлог мерки наменети единствено за предизборен поткуп кои што сметаат дека ќе им донесе дополнителни гласови за да го намалат поразот. Дополнително истите тие мерки воопшто не се развојни и не нудат простор за развој, а тоа го прикажуваат и самите стопанственици кои што коментираат како и Коморите. СДСМ не понуди визија, ниту стратегија за реално решавање на овие проблеми настанати од корона заразата во стопанството, како што и не понуди помош на граѓаните на кои што директно им се погодени домашните буџети. Знаеме дека над 78 односно 80% од работниците и вработените во Република Македонија се погодени од корона кризата. И најголем дел од вработените во приватниот сектор земаат намалена плата. Па така во првите четири месеци според официјалните бројки имаме дефицит од цели 200 милиони евра додека месец април имаме пад на вкупните приходи за над 20% во однос на истиот месец минатата година. Така да сите економски параметри и податоци покажуваат дека Македонија тоне, дека економијата е крахирана, а дека трошоците за непродуктивните цели растат односно стопанството е пред сериозен крах. Угостителите, туристичките работници, земјоделците, занаетчиите, стопанствениците сите се оставени сами да се снаоѓаат во оваа најголема корона криза која што не погоди на економски но и на здравствен план. Додека пак гледаме дека Владата нарачуваат скапи вина, морска храна и апетисани. Така да единствено што може да се воведе како заклучок од сето ова кое што го набројав е дека СДСМ и Заеви не знаат како да се носат со оваа економска криза, не помагаат на стопанството и на граѓаните кои што се загрозени нивните работни места, единствено ги интересира само личниот луксуз и бизнисот за што можевте да слушнете од претходната моја прес конференција.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ