Државната изборна комисија е извршно, а не надлежно одлучувачко тело. Тие добиваат пропишани рокови со распишувањето на изборите од страна на претседателот на Собранието и тие постапуваат по тие рокови, ние имавме случај кога целиот изборен процес се одржа и за 40 дена, како што беа претседателските избори во 2004 година, истакна претседателот Зоран Заев во интервју за Канал 5 Телевизија на прашање кое се однесуваше на потребните рокови за проверка на избирачкиот список и улогата на ДИК.

Тој додаде дека претседателот на Собранието не може повторно да распише избори затоа што така ќе го прекрши Уставот.

„Ако повторно претседателот Џафери распише избори, тој мора да се повика на 60 дена од распуштање на Собранието. Повеќе таа уставна можност тој ја има изгубени, тој не може да распише нов рок. Останува единствено валидниот рок кој е замрзнат заради вонредната состојба, посочи претседателот Заев, додавајќи дека ДИК мора да постапува и да ги спроведува законите и Уредбите со законска сила и да се води според законските рокови.

Тој истакна дека мора да се следат и почитуваат законските решенија со кои е предвидено изборите да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба.

-Здравјето на граѓаните е пред се. Ние сме парламентарна демократија и Собранието мора да функционира и да има политичка Влада која ќе носи храбри одлуки. Во вакви околности кога немаме договор, остануваат термините, односно 22 дена од завршување на вонредната сосотојба да се одржат избори. Вонредната состојба завршува на 30 мај, на 21 јуни се изборите. Прашањето не е што сакаме, кога нема договор кога нема договор во секоја земја останува Закон и владеење на правото. Мора да се почитуваат законите, а законот вели изборите се на 21 јуни. Тоа може да се одложи ако се продолжи вондредната сосотјба, но за таа да продолжи мора да има сериозен аргумент. Треба изборите да се одржат согласно законските рокови, истакна Заев.