Русинот Тимур Дибиров и следната сезона ќе игра за РК Вардар, потврди самиот тој на својот Инстаграм профил.

Крилото објави фотографија како го држи пехарот од Лигата на шампионите а под него стави хаштаг 2021 година.

„Еден живот, една љубов“, напиша Дибиров, за кој се сметаше дека ќе си замине од „црвено-црниот“ тим во пакет со Сергеј Самсоненко.


Администратор
19/05/2020 00:56