Лошите и штетни политики на СДСМ ќе имаат далекусежни последици по македонската економија. Ребалансот на буџетот кој го донесе СДСМ единствено ќе служи за предизборна корупција и поткуп. СДСМ покажа јасно дека нема стратегија и визија за водење на економијата а сега неспособноста на кадрите на СДСМ уште повеќе доаѓаат до израз во време на корона пандемијата.

Сите гранки во економијата се погодени додека СДСМ излегува на пресови и кажува дека корона кризата ќе биде одлична можност за сите. СДСМ единствено гледа можност за крадење, криминални тендери и за делење на лиценци за марихуана на свои роднини и пријатели.

Така во првите 4 месеци имаме дефицит од цели 200 милиони евра додека месец април имаме пад на вкупните приходи за 20,1% во однос на истиот месец минатата година. Од друга страна вкупните расходи во април се зголемени за 1% и тоа во месец во кој немаме никакви мерки за поддршка на бизнисот.

Во месец април 2020 година ставката - Други трансфери, изнесува над 7 милијарди денари. Оваа ставка има раст за 74% во однос на 2019 година, но затоа ставката здравствена заштита каде што најмногу требаше да се троши во месец април е порасната за скромни 1,3%.

Социјалната помош е зголемена за само 11%, наспроти зголемување од 29% кое го имаше за првите три месеци од 2020 во однос на 2019. Ова докажува дека на СДСМ не им е грижа ниту за стопанството ниту за граѓаните.

Дополнително , дефицитот за првите четири месеци од годината во кои нема исплата на никакви економски мерки, изнесува 200 милиони евра или 1,8% од БДП, што веќе е нов креиран долг.

Од податоците презентирани во ребалансот на буџетот може да се види дека за периодот јануари-април имаме остварување на 27,3% од вкупните планирани приходи за 2020 година. Исто така во самиот документ јасно е наведено дека вкупните приходите за овие четири месеци се помали за 4,9% во однос на истиот период лани. Даночните приходи имаат реализација од 25,9% во однос на планот и намалување за 9,2% во однос на минатата година.

И повеќе од јасно е дека нема простор за оптимизам со вакви неспособни кадри кои ги водат главните ресори на државата.

Со вакви катастрофални политики од страна на СДСМ во економијата и задоцнети мерки , купи ден продај политики , менување на мерките од ден за ден и дополнително играње мајтап како со граѓаните така и со стопанствениците македонската економија нема сјајна иднина.

Податоците јасно кажуваат дека има огромна разлика помеѓу она што СДСМ го зборува и тоа што СДСМ го прави на дело. Економските податоци кажуваат дека Македонија тоне, трошоците за непродуктивни цели растат, а стопанството е пред сериозен крах.

СДСМ мора да си оди за економијата да застане на нозе. Македонија на чело со СДСМ единствено оди во економска провалија и амбис а со тоа и илјадници недолжни граѓани и стопанственици.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ