Натпреварувачот на британското издание на квизот „Кој сака да биде милионер”, Ендрју Таунсли го знаеше одговорот на последното прашање, но немаше храброст да ја ризикува веќе освоената сума и се откажа.

Стигајќи до самиот крај, Таунсли освои половина милион фунти и можеше да ја удвои таа сума. Сепак, ако одговорот беше погрешен, тој ќе добиеше само 64.000 фунти.

Прашањето беше: „Во историјата на мотоспортот, која од овие историски трки се одржа прва?“, секако, со понудени четири одговори. Натпреварувачот не го знаеше одговорот, па го искористи и џокерот „Повикај пријател“, што сепак, не му помогна.

Потоа Таунсли реши да не ризикува и ја напушти играта со дотогаш освоените 500.000 британски фунти. Домаќинот потоа го замоли да избере еден од одговорите и тој погоди.

За британски „Мирор”, Таунсли го призна своето разочарување од тоа дека немал храброст да ризикува.

Точниот одговор е: „Островот Мен ТТ“.


Администратор
16/05/2020 02:16