Невладина организација на министерката за финансии Нина Ангеловска среде епидемијата добила пари од Фондот за иновации. Наместо грижа за справување со кризата и со буџетската дупка, а по лагите за полн и ликвиден буџет, таа се грижи како нејзините соработници од СДСМ да добијат пари од Фондот за иновации.
Веб платформата „Дигитални Услуги“ изработена од невладината организација на министерката за финансии, всушност е копија на интернет платформа „Дигитална Солидарност“ во Србија. Оваа платформа во Македонија е платена со пари од Фондот за иновации како дел од јавниот повик „Креатон“, а е изработена од организација чиј што претседател е Нина Ангеловска и во чии органи на управување има луѓе блиски до владејачката СДСМ.
Почитувани,
Фондот за иновации продолжува да биде Фонд за СДСМ и за нејзините блиски. Министерката за финансии позната со нејзините изјави за ликвиден и буџет без проблеми на почетокот на кризата, сега веројатно е можно повеќе да се грижела како да ги одржи своите во невладината организација, отколку работниците во македонската економија.
Почитувани,
Во моменти кога лидерот на Нина Ангеловска, Зоран Заев тврди дека административците се богателе со тоа што немале каде да ја трошат платата, и заедно со Ангеловска планирале кратење на платите, нејзините другари од СДСМ во НВО добиваат пари од Фондот за иновации.
Почитувани,
Ова е срамно и понижувачки, додека Ангеловска бара ДОНАЦИИ од граѓаните да ги враќаат парите од нејзиниот неуспешен проект „Мој ДДВ“, нејзината НВО да заработува од буџетот преку Фондот за иновации.
Ангеловска и целиот тим на СДСМ покажуваат целосната несериозност во време на кризата и епидемијата, а овој скандал како и луксузните набавки од владата покажуваат нивна целосна одлепеност од реалноста. Најмалку што може министерката за финансии Нина Ангеловска е јавно да се произнесе за овој скандал, јавно да каже колку пари земала нејзината НВО од Фондот за иновации и секако да ги вратат парите земени од НВО земени преку Фондот за иновации.
Прашање: Како го оценувате протоколот на Комисијата за заразни болести во врска со изборите? Митинзите не се забранети но дали ВМРО-ДПМНЕ би била подготвена да отстапи од одржување масивни митинзи зарази ризикот за загрозеност?
Одговор: Колку што знаете на лидерската средба во претседателската палата беа договорени четири точки, четири предуслови кои што треба да бидат исполнети за да дојдеме до избори и се додека не се исполнети условите онака како што беа прифатени од лидерите на политичките партии, а тоа е мислење од Комисијата за заразни болести, обезбедување странски набљудувачи, мислење од ДИК колку време им е потребно за организација на избори, па дури потоа да се договори изборниот датум беспредметно е да се разговара за протокол на Комисијата за заразни болести.
Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ