Јас сум единствениот политичар којшто е фотографиран како прави злодело со тоа што планинари или затоа што оди во теретана. За жал, снимката е неколку месеци стара, но ете, јас сум жртвата на таквата кампања. Јас го сакам спортот и навистина ќе направам сè што е во моја моќ да не ни се случува натпревари на македонски репрезентации бидат емитувани на странски јазик или воопшто да не бидат емитувани на телевизија. Тие денови треба да бидат празник за граѓаните. Ќе направам спортот да ни биде успешен и да носи радост кај граѓаните – истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неговото гостување на Телевизија Телма.

Мицкоски додаде и дека како премиер кој ќе ја води идната влада во Република Македонија, дел од акцизата која што актуелната власт ја зголеми за 3,5 денари ќе оди за спортот односно за таа намена ќе биде одвоен по 1 денар, додека останатите 2,5 денари ќе бидат укинати.

- Од акцизата за нафтени деривати која е зголемена за 3,5 денари ние ќе одвоиме еден денар за спортот, спортските федерации и клубови, а останатите 2,5 денари ќе укинеме. Секојдневно сме сведоци на проблемите со кои се соочуваат спортските клубови. Вчера бев сведок на еден немил настан со клубот од мојата младост, фудбалскиот клуб Вардар. Исклучена била струјата на академијата во клубот. На спортот му треба помош а тој денар е едно од решенијата, додаде Мицкоски.