На последната лидерска средба Зоран Заев наместо да води грижа за здравјето на граѓаните, тој лиферува со можни датуми за брзи избори, обвинувајќи го Заев дека наместо да брои гласови ќе брои човечки животи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Топ Тема на Телма Телевизија.

Генерално тоа што се случуваше на лидерската средба кај претседателот Пендаровски го кажав и на изјавата после средбата. Како претседател на најголемата политичка партија предложив еден алгоритам. Но, она што беше за мене зачудувачки е фактот што од самиот почеток на таа лидерска средба Зоран Заев лиферува со датуми и цело време зборуваше за датуми додека сите останати практично зборуваа за здравјето на граѓаните. За него здравјето на граѓаните беше второстепено, односно велеше 14 јуни па дури потоа споменуваше доколку Комисијата за заразни болести дозволи. И тоа навистина предизвикуваше вчудоневиденост кај останатите, додаде Мицкоски.

Според Мицкоски за фер и демократски изборен процес потребно е и мислењето од страна на Државната изборна комисија и ОБСЕ и ОДИХР, посочувајќи дека потребно е прочистување на изборниот список.

Мицкоски посочи дека доколку цената за победа е дури и еден изгубен човечки живот, тогаш тој одбива да биде идниот мандатар на владата

Доколку цената е дури и 1 изгубен човечки живот тогаш јас одбивам да бидам дел од процедурата и на тој начин да бидам идниот мандатар на владата, истакна Мицкоски

Несериозноста на лидерот на СДСМ Зоран Заев оди до таа мера што после лидерската средба, иако сите негови колеги лидери истакнаа поддршка за здравствените работници во борбата со пандемијата, тој повторно лицитира со бројки и манипулира со граѓаните. Тоа е одраз на неговото непочитување и негрижата за ситуацијата во која што се наоѓа Република Македонија. Зоран Заев е човекот кој своите лични интереси и интересите на партијата ги става пред главниот приоритет во моментот, а тоа се граѓаните и нивното здравје, заврши Мицкоски.