ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат изборите ќе победи убедливо на тие избори, но ако цената е макар и еден загубен живот, такви некрофилски политики како партија не прифаќаме, цената за тоа не смее да биде изгубени човечки животи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Топ Тема на Телма телевизија.
„Знам дека нашиот политички противник наметнува антикампања дека ВМРО-ДПМНЕ бегал од избори, но мојот одговор на тоа прашање може да кажам дека кога и да се случат тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ. Но, повторно ќе кажам, ако цената за тоа е да имаме еден повеќе загубен живот, јас не би сакал да бидам дел од таквото сценарио.“ потенцираше Мицкоски
Тој додаде дека тоа некрофилско сценарио го остава на други политичари кои се длабоко потонати во политичкото мочуриште и бараат сламка за спас.
„И еден ако е јас не би можел да живеам со сето тоа, бидејќи јас не се чувствувам како човек потонат во политичко мочуриште и ми треба сламка за спас. Се чувствувам дека сум слободен, човек кој цврсто гази на нозе и не му треба помислат дека еден човек повеќе починал затоа што ние сме избразле во одлука кога ќе се случат изборите. “ изјави Мицкоски
Тој нагласи дека тие како политичари мора сериозно да се однесуваат и пред се одговорно кон здравјето на граѓаните, а дури потоа да размислуваат како и дали би ги одржале тие избори.