Само 12 минути му беа потребни на прогнозер да креира добитен тикет уште во првиот ден од отворањето на Sport Life обложувалниците по прекинот со работа поради пандемијата со корона-вирусот.

Добитниот тикет е уплатен 12 минути по 10 часот, а типувачот само со три пријателски средби и уплата од 1.000 денари си доби малку повеќе од 100 евра при вкупната добивка од 7.526 денари.

Пријателски дуели од Виетнам и еден во Чешка кои се играа денес на пладне се покажаа како добитна комбинација со типовите домаќините да постигнат најмалку два гола во првото полувреме, односно двете екипи да дадат по еден гол во првиот дел од мечот.


Администратор
14/05/2020 00:56