Со краток и циничен статус, Претседателот на СДСМ Зоран Заев реагираше на објавените разговори на јутјуб во кои се слуша неговиот глас со непознат соговорник,а во кои зборува за изборите во 2016 година, за прислушуваните материјали, дека Чауш има дел од истите ако треба да се удри по Ахмети, за Орце Камчев и за финансирањето на невладините организации кои беа дел од шарената револуција....

„После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови“, напиша Заев.