Би сакал да ја искористам денешната прес конференција да повика уште еднаш врз основа на исказите кои што се добиваат од случајот „Рекет“ во судницата, МВР и Обвинителството за борба против организиран криминал без разлика до каде стигнале со вештачењето на телефоните на Боки 13 и Зоки Кичеец, да почнат да го вештачат телефонот на господинот Зоран Заев кој што го користел во периодот кога имал интензивни средби со Боки 13.

Имено изјавата дека Зоран Заев во 1ТВ телевизијата за чие што нелегално финансирање знаел и соучествувал според досега добиените снимки на 3-ти април 2019 година го предупредил првообвинетиот Боки 13 дека го следат странски служби и обвинители. Тоа значи дека сакал да го прикрие делото, во кое што најверојатно Зоран Заев бил главата на оваа рекетарска шема. Сметаме дека господинот Зоран Заев конечно треба да се врати таму од каде што почна пред да биде премиер, а тоа е во судските клупи. За да може да го даде својот скромен придонес во разоткривањето во шемата за рекетирање на отприлика 20 милиони евра од повеќе стопанственици во Република Македонија.

Втората работа што исто така зачудува е тоа што господинот Зоран Заев доколку навистина го пријавил случајот за кој што нема записник во обвинителството на 22-ри април, прашање е зошто молчел од 3-ти април кога го предупредил Боки 13 до 22 април. Тоа отвора дилеми, дека Зоран Заев не само што бил глава на рекетарската шема, туку бил и главниот бранител за тоа како од него ангажираните рекетари да ја менаџира штетата и да гледа да ги заштити во рамките на неговото влијание во обвинителството и судството.

Така што ова се нашите барања, до господиниот Наќе Чулев, и до обвинителката Вилма Русковска да почнат да го вештачат телефонот и комуникациите на господинот Зоран Заев од периодот март, април и мај 2019 година.

Новинарско прашање: Ваш коментар во врска со барањето на СДСМ за оставка на министерот Наќе Чулев, во однос на литијата во Струга?

Одговор: Моето мислење е дека треба да се добие исто така изјава од началникот на МВР во Струга Дритон Ајро којшто е близок роднина на обвинителот Артан Ајро којшто беше ангажиран во СЈО. И сметаме дека треба началникот како прв човек на министерството во општина Струга да ја даде својата изјава и извештај. Во однос на барањето на Зоран Заев за оставка на министерот Наќе Чулев, сметаме дека тоа би го побарал секој човек којшто е осомничен за криминал. Зоран Заев е уплашен и знае дека може еден ден неселективноста во делување на министерот Наќе Чулев може да тропне и на неговата врата. Затоа бара оставка од министерот за внатрешни работи, бидејќи секој ден министерот Наќе Чулев добива се повеќе информации за криминалите во коишто Заев и неговите блиски биле вклучени во изминатиов период. И кога еден аболициран политичар, бара оставка од еден министер за внатрешни работи тоа би требало да е комплимент за министерот.

Инаку според мене не би требало да има ниту повластени, ниту пардонирани, ниту селективни постапки по однос на било каква одговорност поврзана со пандемијата и пропишаните мерки. И како што не треба да биде пардонирана докторката Цаца Биљановска која што зарази шест нејзини колеги и доведе во ризик многу луѓе, така не би требало да биде пардониран било кој граѓанин на било која општина, доколку свесно предизвика некакви ризици и добро е што надлежните најавија дека ќе го преиспитаат овој случај.

Новинарско прашање: Иако е работа на ДИК, според Вас колку денови ќе бидат потребни од завршување на вонредна состојба до одржување на избори?

Одговор: Сметам дека доколку одговараме како политички партии ќе имаме различни мислења и толкувања, но затоа според мене за одржувањето на избори после вонредна состојба најдобро е да се почитуваат препораките на Венецијанската комисија. Венецијанската комисија како стручно тело на Советот на Европа и тело кое се занимава и со проблематиката на избори да бидат фер и демократски, смета дека најмалку 60 дена се потребни по завршувањето на вонредната состојба. Тоа е така, за да можат да се организираат добри, фер и нормални избори. Но, прашањето за изборите според мене треба да биде во овој момент одлучено и од Државната изборна комисија и од здравствените експерти и од политичките партии при средбата кај претседателот Стево Пендаровски за што се надеваме дека СДСМ ќе биде присутна.

Антонијо Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ