Последната „супер месечина“ во оваа година ќе биде видлива за луѓето низ целиот свет од зајдисонце и изгрејсонце помеѓу 6 и 8 мај, објави Си-Ен-Ен.

„Супер месечината“ на која сега сме сведоци е една од трите „супермесечини“ кои се појавија годинава од март. Најголемата и најсјајната можеше да се види во април, а овој месец, иако е помалку спектакуларна од априлската, сепак, е посветла и поголема од вообичаената полна месечина.

„Супер месечината“ е полна месечина која се наоѓа во најблиската можна точка во однос на планетата Земја, поради што има поголема природна големина и е посјајна при поглед од неа.

Мајската „супермесечина“ се нарекува уште и цветна, бидејќи се јавува за време на цветниот период.


Администратор
07/05/2020 23:29