Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ по драматичната прес-конференција на претседателот на СДСМ Зоран Заев и исказите на Бојан Јовановски, првоосомничениот во случајот Рекет, дека тогашниот премиер го известил дека го следат странски служби, многу порано пред случајот да биде пријавен во ОЈО и дека Кичеец и Заев се договорале нешто околу изборите во Охрид, побара обвинителството против Зоран Заев да отвори случај за сторено кривично дело прикривање и помагање во сторување на кривично дело
- Зоран Заев треба да одговори зошто според тврдењето на прво осомничениот Бојан Јовановски го предупредил дека бил под истрага и против него имало случај уште на 3-ти април, далеку пред да биде покренато обвинение против инволвираните во случајот „Рекет“? Бараме МВР и Јавното Обвинителство против Зоран Заев да отвори случај за сторено кривично дело прикривање и помагање во сторување на кривично дело.
Тоа значи дека паѓа и во вода тврдењето на Зоран Заев дека тој прв го пријавил случајот „Рекет“ уште на 22 април минатата година, ако на 3ти Април ги предупредил осомничените тогаш е невозможно на 22 Април минатата година да го пријавил нешто всушност за што не достави писмена белешка како доказ во јавноста дека навистина го пријавил.
Втората дилема е што барала главната обвинителка Русковска во друштво со првоосомничениот Бојан Јовановски, со кој што нарачувале монтирани медиумски прилози за неистомислениците на Русковска во судството и обвинителство. Ова открива две работи, имало медиум којшто бил злоупотребуван од власта и постои целосна соработка помеѓу обвинителството, трас трас судството и Зоран Заев.
Трето исто така многу важно Зоран Заев е должен да одговори каква е таа олеснета положба која им ја ветил на дел во осомничените во истрагите на СЈО? За какви повластувања говори Зоран Заев? Тоа е незаконско дејствие и бараме МВР и јавното обвинителство да отворат истрага против Зоран Заев.
И четврто, во дел од сведочењето на прво обвинетиот Бојан Јовановски се дознава дека Зоран Заев ги наместил изборите во Охрид и дека имало изборни нерегуларности. Бојан Јовановски вели цитирам- „Заев со Кичеец зборуваа за местење на избори во Охрид, а Кичеец имаше своја паравојска“
Оттука итно и неодложно бараме МВР и обвинителството да спроведе целосна и темелна истрага за спроведувањето на локалните избори во Охрид и да истражи евентуални нерегуларности како и изборни манипулации и местенки од Зоран Заев и неговиот омилен рекетар.
Сето ова потврдува и дава објаснување за клучното сомневање- Зоран Заев е мозокот и октоподот на рекетот и тој е на врвот на пирамидата на рекетирање на многу бизнисмени, а се сомневаме дека вкупната сума надминува 20 милиони евра нешто за што ќе се видиме со Заев и на суд.
Оттука како петто бараме од Обвинителството да ја прошири истрагата за „Рекет“ и да го осомничи Зоран Заев како организатор на рекетот во Македонија.
Ова е огромен доказ дека зад криминалот и рекетот стоело едно лице на врвот на пирамидата „capo di tutti capi“ Зоран Заев.