По денешните искази на осомничениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски, на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека наместо одговор на клучни прашања поврзани со исказите на Боки 13, Зоран Заев на драматична прес-конференција зборувал за катастрофалната економска ситуација во земјава.
- Зоран Заев најави вонредна прес конференција за ова попладне на која што македонската јавност очекуваше дека ќе каже нешто вонредно битно и значајно, нешто поради кое што се свикува вонредна прес конференција. Но наместо тоа видовме една бледа, безначајна прес конференција и македонската јавност се прашува, а и ВМРО-ДПМНЕ која беше потребата од оваа драма и драмолетка која што се случи попладнево. Потребата од драмата, односно драмолетката која што се случи попладнево беше да се сокрие паниката која што денес го фати Зоран Заев после она што го видовме во судот за случајот „Рекет“.
Зоран Заев се надеваше дека корона кризата ќе го спаси него и неговите најблиски од одговорност и од дознавање на јавноста што се случувало со „Рекет“. Но еве денеска вистината излезе на виделина. И затоа наместо да држи прес конференции без поента и без цел за економската состојба во Македонија за која што и самиот призна дека веќе не блеска, напротив туку дека е во тешка рецесија, најмногу заради недомаќинското работење негово и на тимот составен од Нина Групер, Мила Царовска и останатите кои што не знаат да водат економија. Зоран Заев треба да одговори на прашањата кои што ги заинтригира денеска македонската јавност, Николоски.