Претседателот на СДСМ, Зоран Заев при гостувањето во емисија на Телевизија 24, истакна дека партијата СДСМ се оградила од изјавите на Максим Димитриевски дека власта во земјата почнува да наликува на режим и додаде дека тој лично се оградува и од последните изјави на градоначалникот на Куманово, дадени последниве неколку денови, веројатно мислејќи на изјавите кои беа поврзани по реакциите во јавноста за брусењето на вергината во Крива Паланка и насоките истото да се стори и во друго градови и општини.
- Се оградивме од Максим Димитриевски, бидејќи беше изречена санкција, а тој не ја почитуваше. Поради тоа што добил санкци, ова било режимска власт. Законот мора да важи за сите. Тој ми е другар, сопартиец но законот важи за сите. Ако Заев и Мицкоски биле дома во самоизолација, Максим не почитувал самоизолација. одговорноста е голема и треба да се биде пример. Министерот не информираше како треба да постапиме во случајот кога добивме решение за самоизолација и тоа има казна и санкција и ние почитувавме. Владата се грижи за Куманово исто како што Максим Димитриевски се грижи за Куманово. Со изјавите кои ги дава ги напаѓа одлуките на Централниот комитет на СДСМ. Ние сме ги изградите нашите ставови, а денеска тој да зборува за други ставови не е во ред, рече Заев.
Заев потенцираше дека како партија се оградуваат од неговите изјави и додаде дека и тој лично се оградува од последните изјави.
- Со неговите изјави и ставови се напаѓаат одлуките на централниот одбор и Конгресот на Социјалдемократскиот.Тоа не се ставови на СДСМ, потенцираше Заев.