Во Македонија владее власт која е без образ и без срам. Срамно е во Владата да јадат ручеци кои што чинат колку што еден работник заработува во текот на целиот месец.
Срамно е во време на пандемија и економска криза од огромни размери Владата да ги троши парите на граѓаните за скап алкохол, сортни вина, виски и водка.
Уште посрамно е што во ист момент Владата моли за донации.
Илјадници наши сограѓани се оставени без парче леб, над 100 илјади граѓани добија привремен или конечен откази, а Заев преку Ангеловска даде наредба да се бркаат луѓе од работа.
Во време кога луѓе умираат од корона, докторите поради недостатокот на заштитна опрема се заразуваат со опасниот вирус, луѓето немаат леб да јадат, во владата ќе се пијат барикни вина кои чинат колку 1/4 од минималната плата на еден македонски работник
Ова е забегано, народот гледа, народот избира, народот и ќе казни.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ