Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“ посочи дека е незрело СДСМ и нивниот претседател Зоран Заев да одбиваат лидерска средба.

„Јас мислам дека ќе се промени таа позиција, јас еве апелирам да се промени. Ние како држава сме во една кризна ситуација и де факто и де јуре е сега ако не сакаат да прифатат зошто немаат капацитет да се справат тоа го кажа и Стево Пендаровски. Оттука разумно е да седнеме како политичари и да се договориме, а потоа да излеземе со заедничка одлука пред граѓаните, истакна Мицкоски.

„Треба да се договориме за најважните прашања. Многу е важно и треба да се излезе со став пред граѓаните“, изјави Мицкоски.

„Јас апелирав до 4-те именувани функционери од ВМРО-ДПМНЕ во владата целата нивна плата доколку е тоа нивна желба, нормално сите се сложија да купат санитетски материјал, медицински заштитни средства и да ги донираат на клиниките дали во Куманово, дали да ги донираат на Клиниката за инфективни болести затоа што гледам како се однесува владата со купувањето на овие јаткасти производи. Чувствувам дека тие пари ако таму се дадат тоа е исто како гладен волк во трло со овци да пуштите затоа подобро парите од платите земете купете материјали и донирајте ги во болниците како граѓанин затоа што ќе завршат онаму каде што се најпотребни, а вака сигурно ќе завршат на некој трпеза со лешници и ф`стаци, нагласи Мицкоски.

Мицкоски потсети и на изјавата на Шилегов кој што треба да е градски татко на Скопје кој укажа дека тој не живее од плата односно дека има приватни бизниси и практично живее од нив и тоа според него е многу потценувачки.