Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ говореше за буџетскиот дефицит односно дека владата на СДСМ потрошила повеќе отколку што собрала. Владата на СДСМ го задолжила секое семејство за дополнителни 15.000 денари и извршила масовен грабеж.

„Буџетскиот дефицит како збор значи дека владата потрошила повеќе отколку што собрала. Во првите три месеци од годината се случил масовен грабеж односно во првиот квартал во 2020 и практично секое семејство во Македонија е задолжено за само тие три месеци со дополнителни 15.000 денари. Ако направите анализа во годините наназад ќе дојдете до заклучок на она што го зборував јас дека 120 милиони евра се точно 43 проценти од планираниот буџетски дефицит на оваа влада во текот на целата 2020 година. За да видите што направиле они ќе влезете во интернет страницата на министерството за финансии и ќе го видите практично полнењето на буџетот како тој се полни и како тој се празни и ќе заклучите дека ова што јас го зборувам е бројка и е непобитен факт“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тоа исто се правело и во 2019-тата година бидејќи имаше претседателски избори и буџетскиот дефицит е 17% од планираниот во 2019, а истото е направено и во 2017 бидејќи тогаш СДСМ спроведе насилен референдум.

Мицкоски образложи дека во овој период граѓаните се оставени на милост и немилост од владата, а за тоа укажуваат и многу статистички податоци.

„Денес излезе статистички показател за вработени во индустрија, за околу 5% е помал бројот на вработени во март 2020-тата од тој што е во 2019-тата година. Во април којзнае колку ќе биде“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека вчера има излезено показател за индустриско производство за 13.7 односно околу 14% е помало индустриското производство во март 2020-тата година споредена со март 2019-тата година.