Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа ја прокоментира полициската акција во Струмица каде беа уапсени неколку лица кои не го почитувале полицискиот час делејќи хуманитарна помош од име на семејството Заеви. Тој запраша доколку се било чисто и не било направен никаков прекршок, зошто еден член на семејството Заеви насилно се однесувал во полициската станица во Струмица.

„Знам дека имало прилично непријатни сцени, прилично насилни сцени во рамките на полициската станица во Струмица барем од тие информации кои што ги имам од страна на едно лице кое што е дел од семејството донатори. И доколку навистина е се според закон, ако е се како што тие тврдат дека е нема потреба да стравуваат“, истакна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека вистината е дека лицата кои биле приведени биле фатени како се движат во време кога имало ограничување на движењето, а тие ја немале потребната дозвола, а полициските службеници реагирале соодветно на ситуацијата. Известен бил и јавен обвинител кој постапил соогласно законот.