Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неговото гостување во емисијата Јади Бурек детално ја образложи содржината на бугарскиот документ со кој се предвидува откажување од македонскиот јазик и македонското малцинство кое живее во Бугарија.
Како што вели Николоски најважен дел од документот е т.н. јазична клаузула“ во која се предвидува употреба на јазикот во лингвистичка смисла на зборот, што е многу поразлично од постоење на официјален јазик кој е еден од основните симболи за постоење на држава.
-Најбитното од сево ова е спроведувањето на таканаречената „јазична клаузула“ која што била како што велат тие договорена помеѓу Софија и Скопје. Во документот е предвидено дека лингвистичката норма која се зборува од народот на Република Македонија треба да биде наречена само како „официјален јазик на Република Северна Македонија“ во сите документи на Европската унија, односно тоа подразбира дека ниу еден документ не смее да се интерпретира како признавање на постоењето на македонски јазик, истакна Николоски.
Според него, се изведува единствен заклучок од овој документ, односно дека Заев и Димитров прифатиле и да испорачаат повеќе од тоа што е напишано во Договорот со Бугарија но и јасна индиција дека се согласиле на бришење на македонскиот јазик од сите документи на Европската унија.
Николоски додава и целта на Бугарија е многу поголема од само бришењето на македонски јазик. Тој додава и дека во позадина на цела оваа работа стои подготвка на терен за во иднина да може да биде оспорувано и постоењето на македонската државаа воопшто.
- Она што за мене е интересно е што Бугарија вели дека поддршка за меѓуресорска конференција за Албанија ќе даде откако тие ќе признаат постоење на бугарско малцинство во рамки на територијата на Албанија. Истото тоа го бара и од Косово. Каде е тука играта. Секоја држава на Балканот има национални малцинства. Тие малцинства се прилепени на матицата - држава. Доколку се докаже дека во Албанија и Косово има бугарско национално малцинство а тие не се прилепени за матицата - држава, тоа значи дека територијата измеѓу, односно Македонија, природно припаѓа на матицата. Ова на некому може да изгледа дека е теорија на заговор или преувеличување но ова се суштински работи за кои што ние мора да поразговараме како политички партии и да донесеме една, заедничка, национална стратегија од која ниту една влада сега и во иднина нема да отстапи, истакна Николоски.
Николоски потенцираше и дека тие со документот истистираат да не се исклучи она што го бараат, а бараат имплементација на Договорот за добрососедство и уставните амандмани од Преспанскиот договор да се имплементираат целосно, односно во остварувањето на целите на Бугарија и одговора Преспанскиот договор па затоа се залагаат и за негова имплементација.