Откако во јавноста излезе информацијата дека Уставниот суд ја стопирал Уредбата со која платите на именуваните и избраните функционери им се кратеа на минималец за месеците април и мај со своја реакција излезе и Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев.

- Платите на пратениците, на директорите и на судиите ги вратија по експресна постапка, а шверцуваниот т.н. Закон за ДВОЈАЗИЧНОСТ (од пред две години) уше го немаат стаено на дневен ред. #УставниГревчиња, искоментира Апасиев.