Податоците кои дојдоа до мене и анализите кои ги направивме недвосмислено покажуваат дека веднаш зад здравствената криза, постои многу сериозна и опасна економска криза, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
- И да не се случеше пандемијата со корона, податоците говорат дека македонската економија од неодговорната влада на Спасовски и Заев се туркала кон чист банкрот.
Должен сум да ја известам јавноста дека анализите покажуваат дека врз буџетот од страна на Владата е направен смислен и добро организиран грабеж на народните пари. А, тоа го покажува и реализацијата на буџетот кој што министерството за финансии го објави во текот на вчерашниот ден. Не можам никако поинаку да го оквалификувам ова, затоа што е трошено безмилосно, расипнички и недомаќински. И ова нема никаква врска со политика, за ова што денес го говорам постојат конкретни бројки кои денес ќе ги споделам со македонската јавност, а кои секој граѓанин треба да ги разгледа за да ја сфати штетата која и е направена на државата.
Извршен е буквално смислен грабеж на економијата во првите три месеци од годината со цел да се покријат изборите кои требаше да се случат, кога се потрошени 43 проценти од буџетскиот дефицит планиран за целата година, или 120 милиони евра, потрошиле 120 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот, додека нас не убедуваа дека блескаме и дека буџетот е ликвиден. Или со други зборови го задолжиле секое македонско семејство со дополнителни 15 илјади денари во просек само од почетокот на годината заклучно со крајот на месецот март.