СДСМ не може да ја сокрие неспособноста па продолжува да пушта соопштенија полни со лага.

Лага е дека мерките помогнале на граѓаните и на Република Македонија.

Реалноста е многу поинаква. Република Македонија е меѓу европските држави кои за помош на економијата вбризгале најмалку пари во првиот месец по прогласувањето на пандемијата.

Според анализата на Институтот за економски истражувања Сазадвег, заклучно со 7 април, Македонија донела одлука финансиски да интервенира во стопанството во висина од 0,2% од БДП.

Заради импровизациите на СДСМ дури 78% од работниците во Македонија се лично погодени од корона кризата. Секој четврти работник во земјава има намалена плата.

Лагите на СДСМ се открија. Веќе не може да ги спаси ниту едно соопштение пишано од Бихакќа. Крајот на СДСМ е се поизвесен.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ