Откако во дел од провладините медиуми и на социјалните мрежи беше објавена наводна снимка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека со обезбедување оди во теретана а за која се тврдеше дека е направена во текот на денешниот ден, со своја реакција излезе и Мицкоски.

- Не е толку срамно што објавуваат без да прашаат, туку е срамно што лажат континуирано и бесрамно. И нема ниту една лага да не им се распрсне и дознае. Веќе е совршено јасно дека зад ваквите лаги стојат повеќе квази пиарџии платени со државни пари, и еден центар на моќ сместен на Бихачка. Дечки повторно грешка, снимката е стара најмалку половина година, туку сега што правиме со тендерите во Дрисла, со новата блокада на патот кон ЕУ, со пљачката која ја правите со новата акциза, со економската криза и нарушеното здравје на граѓаните. Незрелото однесување на СДСМ значи ново пробиено дно. Сосема на крај, сепак има разлика. Да, јас спортувам додека вие крадете. Да, јас планинарам додека вие ја срамите и распродавате Македонија и да, ќе продолжам да вежбам кога ќе се создадат услови, а вие сепак на крајот од денот ќе останете ситни луѓе и јас ве жалам, реагираше Мицкоски.