Владата на СДСМ ја бележи најлошата реализација на буџетски средства по основ капитални инвестиции.

Наместо да ја согледа својата неспособност Сугарески ги обвини временските прилики и неприлики за ниската реализација на капитални проекти.

Просекот на реализација на капиталните инвестиции за изминатите три години владеење на СДСМ е под 70 проценти. Ова значи дека Владата парите на граѓаните наместо да ги инвестира во капитални проекти ги трошела расипнички за криминални тендери и грантови задоволувајќи ги интересите на криминалната банда на чело со Заев.

Ниту тој самиот не си верува дека Владата на СДСМ е способна да гради во услови на криза имајќи во предвид дека во нормални услови, кога цела Европа бележеше економски раст и инвестираше во својата иднина, капиталните инвестиции во Македонија беа на катастрофално ниво.

Сугарески мора да одговори до каде е гасификацијата, еден од најпромовираните проекти во памфлетот наречен програма „За живот во Македонија“?

Тој должи одговор и на прашањето до каде е изградбата на 600 километри автопат во Македонија? До каде е изградбата на пругата кон Бугарија?

Денешната прес конференција на Сугарески не е ништо освен гол популизам и очаен обид за подигање на рејтингот на СДСМ, партија која ја загуби довербата на македонските граѓани.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ