СДСМ треба да си го провери својот ИТ систем и да утврди дали се работи за спам, со оглед на тоа што пуштаат застерени лажни вести отсутни од реалноста.

Доколку не е спам тогаш е неспособноста на СДСМ да менаџира со кризата па е посветена на креирање невистини.

Што се однесува до тестовите дека владата креира хаос покажуваат жалните и поразителни резултати во Куманово, Прилеп, Тетово и низ целата држава.

Зошто се чека со денови за резултати од корона тест, и зошто статистиката говори дека Македонија е на врвот по бројот на смртни случаи од корона? А за тоа дали се тестира доволно или не, може СДСМ да си погледа во својот двор и наместо партиски пресметки да го чуе признанието на нивниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски кој јавно кажа дека министерството за здравство недоволно тестира. СДСМ треба да покаже сериозност наместо политиканство. На граѓаните им треба заштита а не кавги и препукувања заосновани на ниски страсти

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ