Денес е голема сабота, ден пред Христовото воскресение, а Велигден е токму празнувањето на животот и неговата победа на смртта,
Ова се мигови кога треба да си спомнеме за болните, изнемоштените, но и за сиромашните и гладните. За бездомниците, за оние кои се несреќни, а секој човек заслужува достоинствен живот кое е негово право, а наша колективна одговорност да си помогнеме едни со други.
Македонија е место каде хуманоста меѓу народот е длабоко вкоренета, политиката и се она што ни се случи во овие 29 години независност покажува дека народот е многу помудар во однос на политичките елити кои управуваа и владеат со земјата. На Македонија и треба обновување бидејќи тоа е вистинскиот пат.
Да помислиме и на хероите кои и за овој празник работат и се борат – здравствените работници. Тие се даваат себе си, за здравјето на сите.
Посакувам среќа, здравје, и многу срдечни моменти поминати со семејствата.
Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ