Македонија го дочека коронавирусот во хаос, а на врвот е само во искористување на кризата за профитерските апетити од функционерите на власт
Министерот Вилипче продолжува да се рекламира со одговарање на прашања на стримовите од влада, како да ширењето на вирусот низ земјава е реклама за Топ Шоп производи.
Се споредуваат нелогични бројки во кои што власта сака да прикаже дека имаме најниска заразеност со коронавирусот во регионот и во Европа, кога анализите на милион жители го покажуваат сосема спротивното.
Венко Филипче наместо да објаснува како се врзува вирусот тоа да го остави на експертите и нека почне вистински да министерува со здравството коешто во моментов е на колена.
Не е точно дека институциите биле спремни и Македонија подготвена го дочекала вирусот. Македонија го дочека вирусот во хаос, за тоа говори фактот дека заштитна опрема немаше за луѓето коишто беа први на удар, неспособноста и непрофесионалноста на директорите на здравствените установи.
Нашата земја е само прва по бројот на скандали и афери, како и на врвот во искористување на кризата за профитерските апетити од функционерите на власт.
Случаите кои говорат за неспособноста и изгубеноста на власта се секојдневиот, граѓаните немаат друго чаре, па своите проблеми и разочараност ги споделуват пред очите на јавноста, но за тие Филипче нема време затоа што е премногу зафатен во пи-ар популистичките изјави кои мисли дека го прават популарен.
Но, популарна е секогаш вистината таа говори дека Македонија со оваа власт и со министер како Филипче е на раб на пропаст.