Нина Ангеловска изгубена во времето и просторот се однесува како Алиса во земјата на чудата и незнае дека нема бизнисмен и гранка која ги подржува мерките.
Намерата на Нина Ангеловска и Зоран Заев да ја разгледуваат можноста за покачување на акцизата на горивата е доказ дека тие ја разбираат кризата како можност да се удри по граѓаните и да им се одземат пари за да се покрива расипништвото на СДСМ.
Срамно е во кризни моменти да се ставаат раце во плитките џебови на осиромашените граѓани. Македонската економија е во колапс, а владата на СДСМ не презема ништо.
Мерките кои што ги презентира Нина Ангеловска за стопанството се несериозни, задоцнети и не доволни и не значат никаква помош, напротив само продлабочување на тешката ситуација во која се наоѓа државата.
Додека владата и Ангеловска тврдат дека ќе бидат поддржани дури 250.000 вработени или повеќе од 35.000 компании, во реалноста граѓаните се сведоци дека многу мал број на фирми аплицираат за мерките и веќе се започнати масовни отпуштања од страна на компаниите кои се соочуваат со проблеми на неликвидност.
Неделувањето на власта веќе остави над 20% од вработените во државата без работа. Граѓаните со право се исплашени за себе и за животната егзистенција на своите семејства.
Наместо Ангеловска да држи прес конференции и да ја манипулира јавноста, веднаш да ги прифати мерките кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ за спас на стопанството.
Македонија и граѓаните повеќе немаат време за чекање, потребни се итни и конкретни решенија за заживување на македонската економија.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ