Владата на СДСМ не знае и не умее да се справи со корона вирусот.
Поради несоодветните мерки над 160 000 работници останаа овој месец без работа.
На СДСМ не им е гајле што 15 илјади работници од секторот туризам и угостителство се отпуштени.
Манчевски прави кампања, а административците не знаат дали следниот месец владата ќе им исплати плата или не. Министерката за финансии, Нина Ангеловска смета дека платите на администрацијата треба да бидат намалени.
Ова само докажува дека владата на СДСМ гледа во секој сегмент колку може повеќе да ги осиромаши граѓаните.
Граѓаните очекуваат јасни, конкретни мерки и мерки кои ќе бидат за нивно добро.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ