Мис Англија за 2019 година, Баша Мукерџи, која по професија е лекарка, се врати во земјата каде што израснала, за да ѝ помогне во борбата против коронавирусот.

Мукерџи завршила медицина на Универзитетот во Нотингем. Таа ќе биде во изолација две недели, што е задолжително кога некој се враќа од странство, а потоа ќе им се придружи на колегите во болницата во гратчето Бостон, во источна Англија, каде што работела претходно.

По освојувањето на националната титула „мис“, неколку добротворни организации ширум светот ја повикаа да им помогне како амбасадорка на добра волја во Африка, Турција, Пакистан, Индија… Така, убавата докторка првично планирала да ѝ се посвети на хуманитарната работа до крајот на август годинава.

– Погрешно е да носам круна додека во светот луѓе умираат од коронавирусот. Ни за миг не се двоумев кога моите поранешни колеги од болницата во Бостон ме поканија да им се придружам, изјави Баша за Си-Ен-Ен.

Таа е стручњак за респираторна медицина, но како што самата вели, може да ја распоредат секаде каде потребна.


Администратор
08/04/2020 01:38