Македонија е во многу тешка состојба, тоа е резултат и на пандемијата, но и на неснаоѓањето на надлежните и одговорни лица. Во овие тешки моменти потребни се силни пријатели. Ние сме особено горди што имаме пријател како Унгарија и пријателството ќе го негуваме и во иднина, истакна Александар Николоски откако денес, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто и додели помош на Македонија во борбата против коронавирусот.

Големите пријатели се познаваат на мака! Петер Сијарто со помош за справување со короната. Лично дојде и со тоа покажа дека е со Македонија! Прв висок европски претставник во посета на Македонија. Горд сум што тоа е на барање на ВМРО-ДПМНЕ. Без разлика дали сме власт или опозиција приоритет е помош на граѓаните на Македонија, додаде Николоски.