Според најновите информации од Институтот за јавно здравје, по направената епидемиолошка анкета на двете лица пријавени во Гостивар е утврдено дека едното лице е повратник од Словенија, сместено во државен карантин во регионот на Гостивар, а е со место на живеење во Струмица.
Исто така, по направената епидемиолошка анкета на лицата пријавени денес од Тетово е утврдено дека едно лице е повратник од странство, сместен во државен карантин во регионот на Тетово, а е со место на живеење во Радовиш.
Согласно ова, во продолжение ги доставуваме коригираните податоци за позитивните случаи, потврдени и кумулативните бројки.
Од вкупно 72 потврдени, по градови: Скопје - 14, Куманово - 21, Штип - 1, Прилеп - 9, Тетово - 11, Струга - 1, Велес - 1, Битола - 2, Гостивар - 1, Радовиш - 2, Крушево - 2 и Кочани - 7.
Вкупно по градови: Скопје - 235, Куманово - 114, Дебар - 49, Штип - 19, Прилеп - 33, Тетово - 28, Струга - 24, Велес - 10, Битола - 6, Охрид - 3, Кавадарци - 2, Гостивар - 4, Гевгелија - 4, Струмица - 2, Крива Паланка - 2, Радовиш - 4, Крушево- 2 и Кочани - 14.