Народот ќе биде запрепастен од улогата на Венко Филипче во оваа криза и претходно нормално сите знаеме за неговите сомнителни тендери, набавки и сомнителни дејанија кои се граничат, односно се надвор од законот, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски одговорајќи на новинарски прашања.
- За тоа ќе разговараме откако ќе дојде време. тоа ќе биде откако ќе заврши оваа криза сега ни е најважно здравјето на граѓаните и заживување на економијата. Видете Венко Филипче и Зоран Заев секој оној кој спротивно размислува од нивното мислење и кој ја кажува вистината на граѓаните тие сакаат да го етикетираат и да го прогласат за еретик кој шири лажни вести итн. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дозволена да биде вовлечена во површни дискусии и ситни кавги. И оттука изјавата на Венко Филипче ќе ја гледаме само низ призмата на менталниот склоп на Зоран Заев.
Нема да реагираме со било каков напад бидејќи сега не е време за тоа но верувајте кога ќе заврши сето ова и стравот и опасноста која во моментов сите ние и граѓаните и државата сите ние ја имаме од болеста ќе бидат зад народот, ќе бидат позади нас граѓаните ќе го вида т вистинското лице на Зоран Заев, на Венко Филипче и на сите оние кои се обидоа на било каков начин да профитираат од оваа криза и природна непогода која ги погоди граѓаните, истакна Арсовски.