Детално објаснување за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на парите на граѓаните кои одат во приватните пензиски фондови даде дополнителната заменик министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“.

Таа истакна дека со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на годината, парите на граѓаните наместо да одат во приватни пензиски фондови да одат во државниот фонд со оглед на фактот што ниту еден граѓанин до денес нема остварено право на пензија од некој од двата приватни пензиски фонда во Македонија.

-Ние велиме парите кои што досега секој еден граѓанин ги уплаќал дел во државниот пензиски фонд, дел во приватните пензиски фондови, два ги имаме. Ние велиме оваа година до крајот на годината, тие пари наместо да одат во приватни пензиски фондови да одат во државниот. Значи повторно луѓето кога ќе остварат право на пензија ќе си добијат пензија, само парите наместо да одат во приватните фондови ќе одат во државниот пензиски фонд. Зошто е тоа така? Парите во приватните фондови кои што сега се уплаќаат, вие знаете дека од таму се уште нема некој кој што остварил право на пензија бидејќи тие почнаа да функционираат пред 10-тина години. Се уште нема никој кој што остварил право на пензија, тие само билдаат актива економски кажано и парите ги оплодуваат во различни проекти, вложуваат во обврзници во земјата и странство, вели таа.


Администратор
03/04/2020 01:43