ТТК банка АД Скопје поддржувајќи ги препораките и мерките на Владата, за справување со актуелната сериозна опасност од ширењето на Ковид-19, денеска изврши предвремено плаќање на вкупните месечни аконтативни обврски за данок на добивка за 2020 година во износ од 10.460.780 денари.

-Со ваквата одлука, во рамките на своето потврдено општествено одговорно делување, ТТК банка АД Скопје настојува да придонесе за помагање на ликвидноста на државата и нејзиниот буџет во насока на зголемување на капацитетот за непречено функционирање на виталните општествени процеси како и поефикасна реализација на мерките и активностите за борбата против ширењето на вирусот и заштитата на здравјето на граѓаните, наведуваат од ТТК банка.

Во соопштение додаваат дека во овие услови ТТК Банка АД Скопје делува со примарен фокус, безбедно и ефикасно да излезе во пресрет на сите финансиски потреби на клиентите овозможувајќи континуирана и квалитетна банкарска услуга преку дигиталните канали со низа поволности за 24/7 бесплатно вршење на електронски плаќања, поддршка преку достапна мрежа на експозитурите/филијалите и функционалните банкомати, полесен пристап до средства без наплата на провизии како и преку изнаоѓање ефикасни мерки за поддршка на клиентите, физичките и правните лица во справувањето со финансиските потешкотии при отплатата на кредитните обврски.


Администратор
02/04/2020 13:04